Невработени лица ангажирани за извршување на јавни работи

Петар Печков

12 невработени лица  еден месец ќе бидат ангажирани за извршување на јавни работи  во  Општина Велес. Сите тие се лица со ниски квалификации.

Во период од еден месец ангажираните  ќе работат во ЈКП Дервен на чистење и уредување на градските улици, уредување на површините пред станбените згради и парковските површини.

Со времено ангажираните вработувања преку овој проект ќе се овозможи дополнителна поддршка на јавното комунално претпријатие за уредување на општината во летниот период кога потребите за чистење на градот се најголеми.

Дел од лицата се корисници на социјална помош, но со овој проект истите нема да го изгубат статусот на корисници на социјална помош и заштита.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати