На првата акција година собрани 109 единици крв

Петар Печков

На првата организирана крводарителска акција, годинава одржана во Велес, во средата  се собраа 109 крвни единици.  

Ја организираше Општинскиот Црвен крст,  заедно со Заводот за трансфузиона   медицина од Скопје.

Од 9 до 14ч. во фоајето не велешки театар, бројни крводарители ја подадоа раката. Имаше доста млади лица  кои даруваа драгоцената течност. Од 109-та дарители, осумина за прв пат даруваат крв, 92 беа мажи и 17 жени. 

Организаторот е задоволен од одѕивот, бидејќи сподребено со лани, со истата акција кога беа собрани 71 крвна единица, сега бројката е за половина поголема.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати