На плажите на езеро Младост потребни се чешми, санитарии и осветлување

Петар Печков

Езерото Младост преку лето се користи за рекреација и капење, но потребни се неколку инфраструктури зафати за посетителите да имаат можност да го користат. Ова го побара од членовите на Советот д-р Снежана Петров а од ЈЗУ Центар за Јавно здравје, по расправата за квалитетот на водата од езерото. 

Водите од акумулацијата езеро Младост  е од втора класа и може се користат за капење и за наводнување на околните површини. Препорака е  санирање на крајбрежниот појас на дел од плажите, пристапно влегувањето во водата, да има јавни чешми, јавни санитарии, правилно да се одлага цврстиот комунален отпад  - побара спец. по хиена  д-р Петрова. Таа за ова апелира неколку години наназад, на Седницие на Советот на Општина Велес. 

Во летните месеци езерото е посетено од голем број рекреативци, кој тука доаѓаа најчесто за викенд. Но нема вода за пиење, нема клозети, нема осветлување за вечерните часови.  Единствено се уредени плажите пред Хотелот ,,Романтик и Мотелот ,,На Велешко,,. 

Од локалната власт најавуваат дека дел од  ова ќе биде решено со проектот ,,Паметно езеро,, кој е во тек на реализација и е вреден еден милион евра, финансиран од ИПА фондови на ЕУ.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати