На паркингот поставени тезгите, од недела е во функција на пазар (фото)

Петар Печков

На паркинг просторот, спроти спортската сала Благој Кирков поставени се тезгите, каде времено ќе се одвива продажбата на непрехранбени производи. Вкупниот простор на паркингот, кој времено, додека се гради горниот дел од пазарот, ќе биде пазар,  е  3,1 м2 на кој денес беа  поставени 106 тезги, просторот е заграден,  а од локалната власт најавија ќе има чешма и санитарен јазол.

Од ЈКП Дервен  најавија дека овој пазар ќе биде во функција од недела. Истовремено од горниот дел на Градскиот пазар, каде што наскоро ќе започнат градежните работи, производителите на земјоделски култури се префрлени на долниот дел, исто како и сопствениците на тезги кои продаваат железарија, текстил, керамика а имаат свои фирми. Тие ќе работат на долниот дел од пазарот.  

Ова решение е врз основа на  за времено утврдување простор со намена за времен пазар на отворено за продажба на производи, донесено од Советот на Општина Велес.

Според  одлуката на Советот ваквата времена трговија на мало на предложениот простор ќе трае се до целосна изградба на покриениот пазар и негово пуштање во употреба.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати