На Питијадата музика за сечиј вкус и понуда со различни содржини

Петар Печков

Фестивалот на вино и пити започнува петок во 14ч а за три дена ќе има 19 учесници.   Ќе се промовираат локалните специјалитети но и вредните велешанки а манифестацијата ќе има и хуман карактер. Се собираат пари за лекување на 14 годишно дете од Велес.   

 На барање на граѓаните но и да се одржи континуитет на манифестацијата и годинава, овој викенд Велес ќе биде  домаќин на добрата храна -питата и виното. Организатор на манифестацијата  е Општина Велес иако се обидевме да ја организира Стопанската комора од Велес и угостителите од градот, па со скромниот Буџет  локалната власт е домаќин.  Верувам дека ќе има добра домашна атмосфера и со домашни сили ќе ги промовираме нашите традиции, култура и музичката. Ги поканувам сите, не само од Велес туку од Македонија да дојдат и да се забавуваа и дружат. Верувам дека програмата е за сите генерации, за сечиј вкус   - рече Градоначалникот Аце Коцевски. 

Штандови ќе имаат Жито Вардар,  Баже Пити, Клуб Милениум, Аркадија, Стара Деспина , Пица тајм, Тиквеш,  Стоби, Кожувчанка,  Шато Сопот.

Прашан за бројот на учесници на Питијадата,  Коцевски кажа дека има повеќе причини што имало 10-тина учесници.

За некои имам чувство дека работат на тивок бојкот. Но ние работиме да има манифестација од која сите ќе имаат ќар иако ништо не вложиле. Други пак се жалат дека немаат персонал, келнери кои ќе служат или мајстори кои ќе подготвуваат пастрамлии - изјави Коцевски.     

Цената на една пита пастрамлија е 150 денари а на чаша вино е 30 денари.   Тој ги најави и придружните содржини кои ќе ги има викендот.

Петок ќе има изложба и саем на рачни ракотворби и традиционални производи, изработени од велешанки.  Недела ќе возат велосипедист 48 км, преку здружението Велес бајкинг. Истиот ден ќе има и турнир во пеливанско борење, каде треба да учествуваат надборите пеливани од Македонија а може да има и од странство.  Истиот ден на патеката на езеро Младост ќе има мото трка за ендуро мотори, во рамките на државниот шампионат.    На пладне како традиционален велешки специјалитет ќе биде промовирано ѓозлемето. Од продажбата собраните средства ќе бидат наменети за Андреев - заврши Коцевски.

Додаде дека тој од средствата кои располага како градоначалник одвоил максимално што може 50 илјади денари за операција на 14 годишниот Кристијан кои треба да замине за Турција. Водители на манифестација ќе бидат Фаик Мефаилоски и Владимир Тевчев.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати