Најуспешно дете поет за 2016-та година Петар Иванов

Петар Печков

Петар Иванов шесто одделенец од велешкото ОУ Васил Главинов ја доби првата награда  на литературниот конкурс кој го организираше Здружението ,,Мабис,, .

Тој со неговата песна ,,Пепи,, победи во конгруенција на 40-тина автори што возрасни, што деца од цела Македонија , кои пишуваа поезија по сопствено видување, без тема.  Нему наградата –таблет,  му  беше врачена вчеравечер во Ликовниот салон, каде  се одржа промоција на 20-те книги поезија  од едиција ,,Децата се украс на светот,, . Седум од нив се на учесниците  на  конкурсот, додека останатите 14 се на Вера Благојевиќ, претседател на здружението.  

Издадени се 20 стихозбирки од по 90 страници,  и сите се подарени по Основните   училишта низ Македонија и во детски градинки.   Целта на и е д а ги збогатиме библиотеките во ОУ.   ,,Најуспешни дете поет за 2016-та година,, е младиот Петар од Велес -   изјави Благојевиќ.   Мабис босанско и херцеговски здружение  за пријателство и соработка, со седиште во Битола  

Истовремено се одржа и доделување на наградите од ликовниот конкурс кој го  организираше ОУ Васил Главинов, по повод нивниот патрон празник.  Тема беше ,,Парче измачена земја, поранешна Самуилова империја,,  . На него стигнале 15 дела  во три категории, според цртачки,сликарски  техники и портрет на Цар  Самоил. Кај цртачки техники прво место доби   Маиде Фејзо 8-мо одд. од Св. Кирил  и Методиј. Кај портрети прво место за Стефанија Николова 9-то одд. од ОУ Васил Главинов.   Во сликарските техники прво место доби Сања Стојанов 9-то одд. ОУ Васил Главинов.  

Истовремено се врачија и  наградите од  меѓународниот конкурс за компјутерски цртежи на тема ,,Немаме  резервна планета,,. За учесници од Македонија прво место  за 5 до 8 год. доби Михаела Маџевска од ОУИ Блаже  Конески Скопје,  за возраст  9-11 год Ева Трајкова од ОУ Стив Наумов до Скопје и за група од  12 -14 год победи Марија Ристевска од ОУ Невена Георгиева Дуња од Скопје.

За учесниците од странство признанија добија:   5-8 год Симона Габрова  за 9 до 11 год Бен Фиданов  до  Компјутерско училиште ,,Бале,, Хасково Бугарија, додека  за возраст  12 -14 год прво место групно  за ОУ  Број 65 од Одеса –Украина. На овој  конкурс стигнале трудови од Бугарија, Србија, Украина, БиХ, Македонија.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати