Наскоро ,,Лисистрата,, и ,,Сомнително лице,, на сцената на велешки театар

Петар Печков

Застојот во нова театарска продукција, велешки театар го надоместува во завршницата на годинава. Откако во петокот вечер премиерно беше прикажана претставата ,,Елешник,, дипломска претстава на велешанката Елеонора Теова, завршена на ФДУ во класата на Златко Славенски, до крајот на годината, директорот најавува уште најмалку три премиери на  нови  престави. 

Оваа  есенска сезона  ја започнавме со премиерата на ,,Елешник,, а веќе оваа седмица не очекува премиерата на детска претстава ,,Златната Рипка, модерна претстава работена по текст на Пушкин. Во неа за прв пат на сцената се појавува младата велешанка актерка, која пред некој месец дипломираше во Софија на ФДУ, Кристина Спасовска - најави директорот Младен Крстевски.    

Во претставата како раскажувач настапува Кирил Гравчев, во  улогата на рибарот Александар Ѓоргиев,  бабата е Слободанка Чичевска а режијата на Младен Крстевски.  Во средината на ноември е втората премиера на претставата ,,Лисистрата,, од Аристофан во режија на Ерменецот  Хакоб Казанчјан.  Таа ќе биде преработена за прикажување на сцена, оти летово се играше и беше наменска за Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,.  

Претставата ,,Сомнително лице,, од Нушиќ која започна да се подготвува уште во февруари,  премера ќе има при крајот на ноември. Една од актерките мораше да замине во странство поради што премиерата се оддолжи на некое време. Поради нејзиното отсуство одложена е работата на премиерата ,,Госпоѓа министерка,, во режија на Софија Ристевска - додаде Крстевски.  

Започнаа пробите за премиерата на претставата ,,Салома,, на Благојче Божиновски работена по текст на Југослав Петровски  а наскоро и  пробите на претставата ,,Чија си,, од Сашко Насев во режија на Јани Бојаџи. При крајот на годината се очекува и традиционална новогодишна детска претстава.       

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати