Надојдената река Црна го оштети мостот кај Стоби и го прекина железничкиот сообраќај до Солун

Петар Печков

Надојдената река Црна во саботата напладне била причина што железничкиот мост кај археолошкиот локалитет  Стоби е сериозно оштетен.  Тоа е причина што од тогаш железничкиот сообраќај на релацијата Велес - Неготино е во прекин. Мостот се наоѓа меѓу станицата Градско и крстосница Кукуричани.

Нивото на реката одеднаш пораснало  од постоечките 1,7 м на пет метри  па од силината на надојдената вода, таа  ги поткопала столбовите на бетонскиот мост што се лоцирани во реката. Последните 30 години немало случај на толку големо количество вода одеднаш - изјави соопшти Ирфан Асани  директорот на МЖ – Инфраструктура.

Тој потенцира дека проблемот е сериозен и дека големи се економските штети од прекинот на железничкиот сообраќај а со стручни лица од Градежниот институт, експерти и сите надлежни барат да се  најде решение за што побрзо да се воспостави овој важен коридор. Кинеската стока која се превезуваше од Солунското пристаниште, за Средна Европа патува преку алтернативен железнички превоз, преку Бугарија. 

Направивме анализи и испитувања на оштетувањето од сите можни фактори и институции во Македонија и веќе имаме финална идеја што треба да направиме. Ќе одиме на брза санација и се надевам дека за 15 до 20 дена ќе биде ставен во употреба. Тоа значи брза санација за ограничена употреба, а во меѓувреме ќе гледаме која е опцијата или ќе се оди на нов бетонски или челичен мост -  појаснува Асани.

Мостот е изграден во 1970 година и  според Асани бил во добра кондиција. Последната проверка врз него била  направена во 2008 година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати