Нада Алексоска промовираше нова книга, збирка раскази

Петар Печков

Новата книга „Муабетење со умот“ вчера беше  промовирана во Ликовниот салон. Автор е велешанката  Нада Алексоска професор во пензија, на која оваа и е трета книга раскази, а има објавено и повеќе  стихозбирки. Во  книга се содржани  куси раскази, новели  кои се поделени во четири групи,  во нив преовладува чувството кон татковината, кон околината во која живее и семејството.

Во книгата има многу метафорични моменти, како доаѓањето на ластовичките што  значи на враќањето на нашите деца и внуци кои се во странство. Книгата ја опфаќа особено осаменоста на постарите жители во руралните населби бидејќи нивните деца и внуци се заминати или во поголемите градови во земјава или во странство, а говори и за испустувањето на селото. Сите наши иселеници ќе се најдат во оваа книга со раскази, но и нивите родители и роднини кои тука во земјава ги чекаат, секогаш со отворени врати, а за жал многу од нив и не ги дочекуваат - изјави промоторот Веле Алексоски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати