Му треба ли на Велес ,,бувљак,,

Петар Печков

На Градскиот пазар, во пазарните денови  може да се најде се и сешто. Поточно на просторот надвор од него. Стара облека, стари обувки, стар мебел, користени  делови за техника, употребувани но за некого корисни.  

И граѓаните кои пазарат тука, но и самите купувачи едногласни. Дека на Велес му е потребен простор каде ќе може оваа понуда да се купи, без да пречи на никому.    

Сакаме, зошто да не. Нека се најде место каде ќе можеме легално да продаваме. Од ова парче леб вадиме. Некому не  му требало, ние го купивме и го продаваме. Само да биде блиску да пазарот, тука некаде, не да не истераат далеку. За да можат луѓето кои купуваат емиш, зарзават да купат и од нас  - вели продавач на овие тезги. 

Додава дека е тука со години и се надева дека за  ова ќе се најде решение. Да не бидат на земја, да имаат тезги, и минимални услови за продажба.  

Има интересни работи, може да     се најде. Зошто да не секој град има т.н. бувљак,, редно е и Велес да добие. На едно место да се знае дека е за стари работи. Понекогаш наоѓам нешто за дома, купувам – вели велешанец кои се шеташе по овие тезги. 

Темата за  ,,бувљак,, останува за идната власт. Советот кој би усвои каде тој да постои и работи а за идните локални избори ете тема за партиите и кандидатите  за градоначалник, да размислат како да го решат овој проблем со дивите тезги околу пазарот, каде  се продаваат стари работи. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати