Моторист загина на автопат

Петар Печков

Неделата попладне се случи сообраќајна несреќа, во која загина скопјанец. Мотористот удрил во задниот дел од комбето. МВР информираше за настанот.  

На 17.03.2019 во 16.00 часот на автопатот Градско - Велес, во близина на место викано „Усек“, се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе „Мерцедес Спринтер“ со швајцарски национални ознаки, управувано од З.Д.(74) од село Претор, ресенско, (со привремен престој во Швајцарија) и мотоцикл „БМВ“, управуван од А.Д.(30) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот - соопштија од МВР.  

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес по што ќе бидат познати причините за несреќата.

Со информација се јавија и велешкото обвинителство, кое потврдува дека мотористот удрил во здниот дел од комбето. Еве што пишува во нивното соопштение.

Неделата околу 16.40 часот на автопатот Гевгелија-Скопје на оддалеченост од 6,5 км. по мостот Виничани се случи сообраќајна незгода во која учествувало патничко моторно возило и двајца мотоциклисти. При движење во ист правец на автомобил-комбе Мерцедес Спринтер со швајцарска регистарска ознака управувано од лице на возраст од 74 години и два мотоцикли, во момент едниот мотоцикл со голема брзина го престигнал комбето. Веднаш потоа другиот мотоцикл се удрил во комбето од што возачот паднал на коловозот, бил исфрлен на просторот помеѓу банкините кои го раздвојуваат автопатот и починал на самото место.

Од страна на дежурниот јавен обвинител во содејство со увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Велес извршен е увид на местото на настанот. Притоа се фиксирани пронајдените траги и предмети. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за вонреден технички преглед на возилата кои учествувале во незгодата- комбето и мотоциклот. Издадена е и наредба за проверка на крв и урина кај возачот на комбето  и за  обдукција на починатото лице, кое било на возраст од 30 години. Во текот на вршењето на увидот земени се првични  изјави од возачот на комбето и од мотоциклистот кој бил учесник во сообраќајот истовремено со сега починатиот, а со кој заедно се движеле паралелно со патничкото моторно возило 

фото-архива

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати