Мопед удрил во 12 годишно девојче на улица АСНОМ

Петар Печков

Вторникот вечерта, девојче се здобило со тешки телесни повреди, откако била удрена од мопед. За инцидентот информираа од СВР Велес.

„На 30-ти март  год. околу 19.50 часот на ул.„АСНОМ“ мопед „Кивеј“ со велешки регистарски броеви управуван од Ѓ.С.(19) од Велес удрил 12-годишно дете кое ја преминувало улицата“ - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Сообаќајната полиција  извршила  увид на местото на настанот, за да се откријат причините за сообраќајката.  Од велешка Болница соопштија дека девојчето се здобило со тешки телесни повреди.


„Вчера околу 20 часот на одделот за хирургија е донесено од страна на Итната Медицинска Помош  девојче на 12 годишна возраст повредена во сообраќајна несреќа при што се здобила со скршеница на десна  клучна коска.  Пациентката е задржана на болничко лекување на одделот за ортопедија“ - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес. .

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати