Младиот Ончев ракометната кариера ја продолжува во Франција

Петар Печков

Велешкиот ракометар  Тоше Ончев (21 год) кариерата ја продолжува во Франција. Тој деновиве потпиша договор за една година со третолигашот, Верноле. Постои можност ако и двете страни се задоволни,  соработката да продолжи и потоа. 

Тој игра на позицијата лев бек е неговите почетоци со ракометот се со РК Борец од Велес . Ончев претходно играше за Вардар 2, за шампионската екипа на скопски Вардар одигра неколку средби во СЕХА лигата,  а минатата сезона настапуваше за Пелистер. Има настапувано за кадетската репрезентација на Македонија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати