Митковска, Ѓорѓиевска и Ангеловска добитнички на републичкото признание за медицинска сестра и акушерка (фото)

Петар Печков

Медицинските сестри -акушерката Елизабета Митковска, медицинската сестра од детско одделение Дафина Ѓоргиевска и двете од  од ЈЗУ Општа болница Велес и Елисавета Ангеловска  од ЈЗУ Здравствен дом – трудова медицина, се  трите велешанки и дел од добитничките на  републичките признанија за годишните награди за  медицински сестри и акушерки.

Ова седмица 5-12 мај е недела на сестринството, Национална и Европска недела на медицинските сестри и акушерки. Вчера, недела,  на свеченост во хотелот Холидеј Ин во Скопје им беа врачени признанијата за најхуманите медицински сестри и техничари и  акушерки.  

„Медицинските сестри, техничарите се првите што доаѓаат во контакт со пациентите, но и со здравите кои сакаа да го сочуваат своето здравје. На болните им помагаат да им се олесни болката, страдањето. Акушерките се први кои доаѓаа во контакт со новороденчето и тие ја имаат  најубавата задача да помагаат при доаѓањето на свет на бебето“ - кажа  Ружица Нацева, претседателка на општинското Здружение на   медицински сестри, техничари  и акушерки од Велес.

Мотото на 12 мај денот на медицинските сестри е „нашите медицинските сестри се нашата иднина, силни медицински сестри спасуваат живот“ а 5 мај е денот на акушерките. 

Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на националната и европската недела на медицински сестри и акушерки, ја истакна клучната улога на медицинските сестри, техничари и акушерки како јадро на здравствениот систем – од превенција и дијагностика, до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства.

Поврзани »

Соопштение за јавност

Прво авионско третирање против комарци што ќе се изврши на 15.06.2026 година (понеделник) во раните утрински часови. Ве замолувам соопштението да се емитува на вашите медиуми во периодот од 12.06.2026 (петок) до 14.06.2026 година (недела). Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати