Мигранти пријавиле двајца велешани за цената на превозот

Петар Печков

Средата наутро било пријавено за кавга на автопат, близу  Градско. Според МВР мигранти пријавиле двајца возачи кои им барале висока сума пари за превозот.

Околу 4,00 часот од наплатна рампа „Градско“, на полициските службеници од Полициската станица Неготино им било пријавено дека во близина на објектот на новата наплатна рампа, непознати лица барале помош. По преземени мерки на местото на настанот биле пронајдени И.Р.(36) и С.Р.(20), двајцата од Велес, потоа патничко возило „Митцибуши“ и четири лица, мигранти од Иран, кои изјавиле дека биле превезувани во наведеното возило, управувано од И.Р. Поради недоразбирање со двете лица од Велес, мигрантите им го одзеле клучот од возилото и настанала вербална расправија. И.Р и С.Р. биле приведени во полициската станица Неготино, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци Скопје и Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка - пишува во соопштението од МВР. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати