Меѓу петте најдобри македонски научници за 2016-та и велешанката д-р Анита Циунова –Шулеска

Петар Печков

Согласно Правилникот за избор на научници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје кои покажуваат врвни резултати во научноистражувачката дејност (Универзитетски весник бр.298 од 2.9.2014 год.) и Конкурсот за избор на најдобар научник/уметник на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ за 2016 година, Одборот за избор на најдобар научник ги утврди за најдобри научниците/уметниците на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кои во календарската 2016 година покажале врвни резултати во својата дејност.

За природно-математички науки е наградена проф. д-р Мимоза Ристова, Природно-математички факултет, за техничко-технолошки науки – проф. д-р Игор Јорданов, Технолошко-металуршки факултет, за медицински науки – проф. д-р Љубица Георгиевска – Исмаил, Медицински факултет, за општествени науки – проф. д-р Анита Циунова – Шулеска, Економски факултет и за уметности – Живојин Глишиќ, Факултет за музичка уметност.

Во биографијата на Д-р Анита Циунова-Шулеска пишува дека е родена е во Велес на 29.04.1974 година. Дипломирала во 1996 година на Економскиот факултет во Скопје како најдобар студент во генерацијата. Магистирала во 2001 година, а докторирала во 2004 на Економскиот факултет во Скопје. Во 2014 година е избрана за редовен професор.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати