Матично се пресели во зградата на Телеком, во центар

Петар Печков

Од денес, понеделник  популарното Матично, или Управата за водење на матична евиденција, подрачна единица Велес е во нови простории, во просториите на Телеком, на приземје, веднаш до Пошта.

Тоа што беше најавено при минатогодишниот отворен ден на Управата, се случи. Вработените добија нов простор, далеку  повеќе простран и со многу подобри услови и за работа но и за граѓаните.

Тука тие можат да ги добијат уписите за родени, венчани и починати, како и  изводите за родени, починати и венчани.Плус закажување за термини за венчавка.  Така сега поголем дел од велешани не ќе мора да патуваат по километри повеќе за да ги добијат потребните документи.

Згора на тоа блиску е и Пошта за уплата на  средствата, иако на располагање за тие што имаат платежни картички е и апаратот за нивна наплата.  Во старите простории кај Пожарната остануваат  документите за  државјанствата оти тие се под МВР.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати