Маслодајна реагира, мазутот во реката Вардар дојде откако улицата каде тој истече се испра , Коцевски објаснува мораше да се пере оти е опасност по сообраќајот

Петар Печков

Раководството на велешка Маслодајна не прифаќа одговорност за понеделничкиот излеан мазут во река Вардар,  додека тоа што се изела во неделата напладне од нивниот резерваор на патот до Железничка станица, било техничка грешка, не човечка. Вака објасни директорот на ПИ „Благој Ѓорев“ АД Велес, Горанчо Лазов, на денешната прес конференција.   Неговото оправдување градоначалникот Коцевски не го прифаќа и смета дека   фабриката  е одговорна за еко-хаваријата.

Откажа опремата, што може секаде да се случи, тоа е техничка не човечка грешка. Ја информиравме велешката полиција. За жал од таму никој не знаеше што да се преземе, кој е надлежен инспектор за животна средина. Од локалната власт, освен градоначалникот,  никој не дојде од одделението за  животна средина, иако ги повикавме. Затоа  на излеаниот мазут посипавме ќоспе, кое го впи. Потоа улицата беше чиста.   Ние не ја измивме улицата, оти знаевме каде ќе заврши и што ќе се случи. Не знам кога дали вечерта или утрото е измиена улицата од страна на ЈКП Дервен, кој го дал налогот не ми е познато и потоа по реката Вардар пловеше мазут. Тој не можеше да истече од испусните шахти на улицата, оти прво што сторивме го покривме нив и тврдам дека од нас не е излеан мазутот во реката.  Немаме вина за тоа што мазутот истече во реката, нема траги од мазут  на решетките од каналот  - рече директорот Лазов. 

Соопшти  дека деновиве   кај нив на увид била републичка  инспекција за животна средина,  инспектори од Струмица. Тие, според Лазов констатирале дека затаила опремата, не човекот, дека Маслодајна  ја има соодветната опрема и дека не носат вина за  излевањето во река Вардар, туку ЈКП Дервен  требало со специјална течност да ја посипе улицата.

Денес за ова ТрМр побара  одговор од Државниот инспекторат за животна средина, каде  информираа дека се уште се работи на извештајот и дека од понеделник јавноста ќе биде информирана за наодите.   На редовната прес-конференција на градоначалникот Коцески  одговори на дилемите кои беа поставени од  раководството на Маслодајна.

Прекршокот кој го стори Маслодајна во неделата со истечениот мазут  е од трет степен, а тоа е најтешкиот.    Налогот да се пере улицата каде беше истечен мазутот го дадовме ние, откако ни беше кажано од полицијата дека е многу опасно  ако остане сообраќајницата со остатоци од мазут на коловозот. Може да дојде до лизгање и до сообраќајни незгоди на оваа делница. За целиот случај  писмена информација е доставена до велешкото обвинителство, па тоа нека одлучи дали има место за одговорност и од кого - изјави Коцевски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати