Мартинките станаа светско духовно културно наследство

Петар Печков

Обичајот да се носат мартинки се впиша на репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото под закрила на УНЕСКО.

Апликацијата е изгласана на 12. состанок на Комитетот за заштита на нематеријалното културно наследство кој од 6 до 9 декември се одржува на островот Џеџу во Јужна Кореја. 

Мартинките се мултинационална апликација, бидејќи обичајот се практикува во Бугарија, Романија и во Молдавија. Сите четири земји заеднички   го подготвија досието и конкурираа. 

Од Република Македонија, на репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на УНЕСКО досега се најдоа: обичајот „Четрсе“ - прославувањето на Младенци во Штип, „Копачката“ - соборско оро од селото Драмче, Пијанец, и машкото двогласно пеење „Гласоечко“.

Охридско Езеро, пак, има двојна заштита од УНЕСКО како природно и културно наследство. Интересно е што кога се заштитувал Охрид како природно (во 1979) и како културно наследство (во 1980 година) биле земени предвид многу широки граници. Така, денес УНЕСКО не го штити само градското јадро туку и црквите, галеријата со икони и археолошките локалитети.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати