Македонските фанови на германски Баерн се собраа во Велес за поддршка

Петар Печков

Навивачите  на германски Баерн  од Минхен,  од Велес го започнаа дружењето и патот кон новата европска титула на нивниот миленик. Во кафе бар Чао вчеравечер, среда,, се  собраа стотина навивачи од повеќе  градови од земјава, за да се дружат и пред се навиваат за  германскиот шампион  Баерн. Тој победи, тешко и скромно со 1:0 против Манчестер Сити.

Имаме официјален собир на навивачите на германски Барен во Велес. Имаме гости од 10-тина града, тука во Велес, бидејќи е центар и најлесно да се допатува овде  од  различни градови, на сите им е близу. Потоа ќе одиме и во други градови. Очекувам лесна победа, но долг е патот до Берлин за финалето – вели    Ѓоре Димитриевски или Ѓоре Швајштангер.

Од толку фудбалски тимови во Европа и Германија, тие се решиле за Баерн, ,, оти бил најдобар на свет,,.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати