Македонските кајакари ниско пласирани на ЕП во Словенија

Петар Печков

На Европското првенство во кајак слалом на диви води, кое викендов се одржа во Словенија на патеката Тацен близу Љубљана, во К-1  настапија  и двајца македонски репрезентативци, велешаните Борче Мирчевски и Александар Златаров.  

Тие имаа  слаб пласман и првенството го завршија во квалификациите, уште во  четвртокот, првиот ден од натпреварите.  

Во првата трка од  57 натпреварувачи Златаров беше 50-ти а и Мирчевски беше  51-ви. Во втората трка каде возеа  36, без најдобрите 20 од првото возење, Мирчевски беше 25-ти додека Златаров беше дисквалификуван.  

Нов европски  првак во   оваа дисциплина К-1 беше Полјакот  Матеуш Полјачук, втор неговиот сонародник   Дариуш Попеила а трет Чехот Јири Прскавец.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати