Македонија на второ место во Европа по загадување на воздухот со ПМ 2,5 честички лани

Петар Печков

Македонија е рангирана на второ место во Европа според загадувањето на воздухот со ПМ честички, според извештајот на IQAir за 2025 година. Во светот сме на 34-то место во светот.  Со коефициент од 21,2, нивото на ПМ 2,5 ги надминува дозволените граници за три до пет пати.  Ова се податоците објавени во извештајот од екологистите во светот, кои го следат квалитетот на воздухот.

Најзагадени градови лани во Македонија биле  Тетово и Струмица (27,3), додека Гостивар, Кичево и Куманово исто така се високо рангирани. Скопје е на 113-то место со коефициент од 19,1.

И покрај тоа, извештајот покажува подобрување — загадувањето е на најниско ниво во последните години, со опаѓачки тренд од 2018 наваму. Најзагадени месеци биле јануари, февруари и декември, а најчисти април и мај.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате родителите да бидат казнувани кога нивните деца ќе направат прекршок или кривично дело на училишта?

  • да
  • не
Резултати