Локалната власт предупредува отстранувањето на карпите кај Цуцка е закана по безбедноста

Петар Печков

По реакциите на дел од јавноста, оти споро оди решавањето на одронот од Цуцка, со писмена информација се јавија од локалната власт, дека тоа е прашање на државните органи и тие се надлежни да го решават. Причина е заканата од карпите кои се нестабилни и опасност при изведувањето на работите за отстранување на карпите.   

Ова доаѓа откако и по 10 дена по паѓањето на неколкуте повеќе тонски карпи, на излезот од Велес, на регионалниот пат кон Градско, не се преземени никави активности. Тоа ги погоди  пред се жителите од неколкуте куќи кои се пониско од мостот над Тополка, чии деца мораат да одат во критичниот дел или по пругата или по одронот до училиште, и за вработените од Крзнарата и Агриа. Тие мора да патуваат до работните места преку автопат. 

Истовремено железничкиот сообраќај на овие стотина метри, се одвива со намалена брзнина, превентивно. Поради ова бил одржан состанок на неколку надлежни државни институции, од Општина Велес, Јавното претпријатие за државни патишта, Градежниот факултет-Скопје, Градежниот институт, велешката подружница на ЈП „Македонијапат“, СВР –Велес, ЈП „Македонски железници и Инспекторатот за патишта. 

Одронот на регионалниот пат Велес-Градско ќе се решава со интервенција на надлежните државни органи. Согласно заклучоците од состанокот одржан на 16 март годинава со стручни лица од повеќе институции, утврдено е дека на карпестата маса која се наоѓа десно од патот има пукнатини и истата не е стабилна. Поради тоа не може веднаш да се пристапи кон дробење и товарање на одронетиот материјал - информриаат од Општина Велес. 

Според договреното основно  и неопходно е  ЈП за Државни патишта да стапел во контакт и да договорил интервенција со фирма која има искуство и може да обезбеди искусни минери кои би пристапиле кон уривање на нестабилните блокови од карпата лоцирана десно од регионалниот пат. Веднаш потоа надлежните од ЈП „ Македонијапат“ ќе пристапат кон утовар и транспорт на одронетиот материјал. Дополнително треба да се обезбеди и железничката пруга која е во непосредна близина лево од регионалниот пат. Одронот урна и дел од потпорниот ѕид помеѓу патот и пругата и истиот треба да се санира. Во втора фаза треба да се нарача проект за обезбедување стабилност на карпите над регионалниот пат.

Општина и „Македонијапат“ веднаш после одронот ги поставија потребните знаци за водење на сообраќајот кај клучка Караслари, и го забранија сообраќајот и за пешаци и за моторни возила на оваа делница. Општина Велес согласно законските надлежности до сега ги има преземено сите неопходни мерки за решавање на ситуацијата. Се очекува и државните институции да ги реализираат надлежностите за решавање на состојбите и обезбедување на максимална безбедност за учесниците во сообраќајот - додаваат од  Општина  Велес.

Големата карпа која треба да се отстрани е тешка околу 25 тона додека санацијата на карпите, кои се надвиснати според стручните лица е зафат кој  вреди најмалку еден милион евра. 

Железничкиот сообраќај беше нормализиран по 40 часа, оти бројна стока чекаше на испорака, а беше истоварена во Солунското пристаниште. Под закана од плаќање на пенали, МЖ  за помалку од два дена ја исчисти пругата. Пред се поради дотурот на нафта. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати