Лице кое не било регистриран земјоделец превезувало 480 литри ракија и 40 литри мастика

Петар Печков

Царината објави дека на подрачјето на СВР Велес деновиве,  полицијата открила лице кое дистрибуира поголемо количество ракија и мастика, која била од домашно производство а за тоа немал соодветна документација.

При контрола на македонско патничко комбе управувано од македонски државјанин, од страна на полициски службеници од СВР Велес откриени се  480 литри домашна лозова ракија и 40 литри домашна мастика. Пронајдената ракија била предадена на мобилните царински тимови за понатамошна постапка. Поради тоа што лицето не е регистрирано како земјоделец -мал производител на алкохолни пијалаци, ракијата е привремено задржана - информираа од Македонката царина.

Против сопственикот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка. Случајот е регистриран на подрачјето на ПС Неготино.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати