Ликовна изложба на ученици од Гимназијата

Петар Печков

Во Ликовниот салон, вчеравечер беше отворена изложба на ликовни дела на учениците од велешката Гимназија Кочо Рацин. Со околу 160 дела се претставуваат ученици од прва до трета година.  Изработни се во различни техники, акварел, комбинирани, темпера, со сува игла, графика,  ментор на изложбата е проф. по ликовна уметност Крсте Шупев.  

Ова е годишна завршна изложба, што за прв пат се организира во Велес, од страна на некое средно училиште.  Ова е завршница на нивната работа во текот на учебната година.  На некој начин оваа изложба ја посветуваме на колегата Трајче Михајлов кој ненадејно почина и ги учеше овие ученици.  Направена е селекција на најдобрите цртежи од септември лани  до мај годинава. Бевме лимитирани со простор па нешто кратевме.   

Цртежите треба да раскажат приказна, така се вршеше селекција, да бидат загадочна - рече менторот Шупев.

Изложбата беше отвоpена со уметнички перформанс, каде учествуваа шест ученика. Тие рецитираа поезија на Радован Павловски, проследена со видео анимација а во пијано придрижба на  Љупче Зафиров ученик во Гимназијата.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати