Лани во велешко зголемен бројот на туристи

Петар Печков

Во 2019-та во Велес престојувале 10.491 турист,  кои оствариле  20.150 ноќеваа, или во Велес во просек престојувале по без малку два дена.  Од нив, 6.847, повеќето, биле странци кои оствариле 10.528 ноќевања или престојувале  1,54 дена во просек.

Домашни туристи имало 3.644 гости, кои оствариле 9.622 ноќевања што е во просек дека секој од нив минал по 2,6 дена. Споредено со 2018-та, лани во Велес имало повеќе туристи за 857 лица, пред се домашни кои и имале и повеќе денови престој во шесте  велешките хотели.   

Што се однесува по држава од каде туристите престојувале во Велес, како и годините наназад најбројни се Србите 1.764 гости, кои во Велес се на пропатување, најчесто за Грција и затоа минуваат нешто повеќе од еден ден во градов. Споредено со 2018-тата во Велес, во 2019-та имало помалку српски гости и помалку ноќевања.

Втори на листата, како и години наназад се Германците со 811 посетители, кои оствариле 1.314 ноќевања, трети се Романците со  510 туристи кои оствариле 712 ноќевања.  По нив следат Унгарците со 486 туристи со 537 ноќевања, Потоа се Бугарите со 306 посетители и 488 ноќевања, па Турците, Полјаците, Италијанците. Хотелиерите посочуваат дека гостите од Романија, Унгарија, Полска биле на пропатување за одмор во Грција.

Додека гостите од Грција, Италија, Шпанија биле ловџии кои доаѓале на лов во велешко. Убедливо најдолго во Велес престојувале гостите од САД. Нив лани ги мало 100 лица,  кои оствариле 709 ноќевања. Станува збор за лица кои доаѓаат како доброволци во изградбата на Хабитат зградите во Велес.

Во тексот се кориситни бројки од Заводот за статистика на Република Северна Македоника

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати