Кривична за екс командирот на ПС Велес

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(35) од Велес, вработен во СВР Велес (поранешен командир на Полициска станица од општа надлежност Велес), поради основано сомнение дека сторил кривични дела “злоупотреба на службената положба и овластување“, “несовесно работење во службата“ и “уништување или прикривање на необработен архивски материјал“.

Според МВР на 12.09.2017 година, во Полициска станица Велес во метален сеф во канцеларијата на командирот е пронајдена службена документација за одземена возачка дозвола. Од извршените проверки е утврдено дека пријавениот во својство на командир не презел службени дејствија кои бил должен да ги преземе за да се процесира одземената возачка дозвола врз основа на правосилно судско решение и истата да ја проследи до надлежните служби за внесување на заштитната мерка по што настапила и застареност на извршувањето на прекршочната санкција.

Исто така извршена е проверка на копии од две наредби за прекувремена работа за декември, кои биле заведени со ист деловоден број, а различен потписник. Од извршените проверки е утврдено дека пријавеното лице ја злоупотребил службената положба и овластување со тоа што на исти наредби се допишал на неколку од нив и наместо оригиналните наредби потпишани од началникот, изготвил и дал наредба да се изготват други наредби со истиот евиденциски број прикривајќи ја оригиналната наредба за прекувремени часови.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати