Крадец со стил, работи со евра и часовник ,,ролекс,,

Петар Печков

Жител на гевгелиското село Прдејци, Никола Попов (23 год) доби пет години затвор за разбојништво. Тој се спогодил со обвинителството во Велес, го признал делото по што судија на Основен суд Велес  ја потврдил оваа казна.

Разбојништво Попов го сторил  на 3-ти јануари годинава околу 19,30 часот, во село Мрзенци, гевгелиско.  Според обвинението тој  се прикрил и го чекал турскиот државјанин во куќата каде што престојува, оти знаел дека има многу пари, девизи  и вредни предмети.

Во моментот кога оштетениот заедно со неговата девојка ја отклучиле вратата, Попов маскиран и вооружен со пиштол, извршил разбојништво над Л.Д.(28год) и А.Џ.(31 год) од Турција. Ја турнал девојката на земја, а со пиштол го удрил момчето во   главата нанесувајќи му телесни повреди.

Потоа со закана му одзел 5 илјади  евра и часовник „Ролекс“ во вредност од 7 илјади евра, и веднаш побегнал во непознат правец. Гевгелиската полиција го фатила  строителот, бил идентификуван од страна на оштетените, по што  ја  признал вината и се спогодил со обвинителството.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати