Кој и зошто потпали куќа кај Пазариште

Петар Печков

Саботата на 16 јули, околу 22 часот. Опожарена е семејна куќа кај Градскиот пазар, близу Потокот, кај дуќаните. Таа е сопственост на  Јован Костов, на  улица Јане Сандански бр.  12. По десетина дена од опожарувањето на приземјето и дел од првиот кат,  тој започна да го фрла сметот  и ја чисти куќата. Но не може да претпостави,  кој тоа сакал да ја запали.

Фрлен е бензин, кога се симнав од  први кат, откако куќата започна да гори, мирисаше не ова гориво.  Не знам кој и зошто сакал да ја запали, но имав среќа што ја спасив. Откако пламна, се симнав,  имаше нешто вода  во буриња, гаснев, дојдоа и комшиите. Имаше струја ама сит газневме, можеше и друга белја да не снајде.  Дојде и пожарната и огнот бргу се локализираше. Сега започнав да ја чистам – вели Костов, кој живее сам во куќата.

Тој е вработен  во  велешката фабрика за шински возила ,, Колска,,. Досега не добил од никого помош, па дури и  сметот што го фрла, сам  го плаќа.  Добро е што огнот е бргу локализиран, фатил дел од приземјето, така што останаа сочувани соседните куќи,   кои се лепенки до таа на Костов. 

Јован е многу  мирен човек, и честит. Не знаеме кој тоа може да му ја потпали. Нема никого лошо направено. Сите се  чудиме. А дека мирисаше на бензин од  просторијата каде тргна огнот, мирисаше – велат соседите.  

Од МВР велат дека се работи на расчистување на причините за овој пожар, кој опфатил  магацински  простор во приземјето од куќата, како и дел од соседната. По неговото  локализирање, велешките пожарникари изјавија дека причината е човечки фактор. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати