Кој ги доби наградите за најдобра акушерка и медицинска сестра

Петар Печков

На  најдобрите медицински сестри и акушерки од Велес, по повод нивниот ден, им беа врачени признанија.  Годинава републичката награда за   најхумана медицинска сестра и акушерка од Велес беа прогласени: Љубинка Думовска –акушерка во ЈЗУ Општа Болница и Оливера Миланова медицинска сестра – патронажана служба од ЈЗУ Здравствен дом. Тие наградите ќе ги добијат  следната седмица на републичката прослава во Струмица. 

Ова признание ми е значајно, оти цели 40 години сум оваа работа, дека придонесувам во животот, сум успеал во нешто.  Работев амбуланта, гинеколошко одделение, придонесував за децата да се породат. Цело време се грижиме низ периодот на бременост мајката  да има нормално породување и да се донесе на свет здраво дете.     Сум почувствувала дека нема поголемо задоволство кога ќе ја видиш мајката насмеана по сите болки кои ги доживува по породувањето,   или на  таткото  кога ќе му соопштиш дека добил здраво право дете – рече Љубинка Думовска.  

Општинските награди добија: Билјана Тодоровска од невро- психијатриско одделение, Десанка Рисова од педијатрија, Сузана Давчевска   Нисиќ од  анестезија и реанимација, Жаклина Кочовска од централна стерилизација при хируршко одделение, Соња Алексова од интерно, Билјана Карова од итна медицинска помош.    

Посебни признанија добија –Интерно одделение од ЈЗУ Општа Болница Велес и одделението за Медицина за труд  при ЈЗУ Здравствен дом Велес.  

Во Велес, во Розе салата беше одбележан 5- мај Светскиот ден на акушерките и  12-ти мај Светскиот ден на медицинските сестри.   Годинава овие датуми имаат свое мото за акушерките топа е:  Мајките и семејствата партнери за цел живот за медицинските сестри   -глас што води, постигнување на глобалните цели за одржлив развој.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати