Коцевски - смената на раководителот на Центарот за развој нa ВПР не беше политичка

Петар Печков

Во својство на  претседател на Советот на развој на Вардарски Плански регион, Аце Коцевски, одговори на новинарско прашање, зошто  овој Совет се реши да изврши промена на раководителот на Центарот, без малку три години  од неговото поставување на оваа позиција и пред завршувањето на четиригодишниот  мандат.

Коцевски објасни дека наспроти реакциите на дел од јавноста,  одлуката не била политичка, туку  поради припишувањето на сработеното на еден поединец.

Раководителот  е шеф на стручните тела на ВПР, таа позиција ја користеше за добивање на политички поени во јавноста.  Чудно е што некој си ги припишува заслугите за се што е сработено а треба јавноста да знае дека обезбедените финансиите за рамномерен регионален развој  се многукратно зголемени отколку претходно, откако оваа  политичка гарнитура е на власт.  Тезата дека раководителот на ВПР и Центарот се светла точка во велешка околина а останатите не вредиме ни пет пари, беше доволна причина   да се донесе таа одлука.    И на новиот в.д раководител му го упатив мојот апел, политиката да не се меша во работата на ВПР. Проектите ги подготвуваат општините, заради конкурсните услови аплицираме преку ВПР, надзор врши фирма која ние сме ја избрале, ние нашите градежните инженери правиме контрола, тие ВПР  само подготвуваат документи за плаќање и по сево ова Центарот да си ги  припишува  ефектите како нивна заслуга, не е во ред - кажа Коцевски на новинарското прашање.

Довчерашниот раководителот Марко Колев на неговиот фб  по разрешувањето напиша: Центарот напорно работеше и само во изминатата 2019 година имплементираше 14 проекти во вредност од 62.053.162 денари, исто толку (14 проекти) во моментов се во фаза на реализација во вредност од 92.665.085 денари. За в.д , кој треба да го подготви конкурсот за нов раководител е поставен Игор Андреев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати