Концерт одржа ансамблот на Пеце Атанасовски

Петар Печков

Во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“ синоќа во Велес, во Амфитеатарот од Младинскиот парк  концерт одржа ансамблот на „Пеце Атанасовски“ во придружба на женската пејачка група. Оркестарот е составен од традиционални музички инструменти: гајда, кавал, тапани,тамбура и други на кои свират преработки на македонска народна музика.

Концертот беше посветен на чалгијата која ја музицира староградската музика, а во дел од концертот имаше и изворни песни од македонските села.

Целта ни е оваа музика да ја оживееме и вратиме од заборав за новите генерации да ја слушнат и засакаат, изјави Ристе Солунски, раководителот на ансамблот кој свири гајда и кавал.

На синоќешниот концерт настапи и женската пејачка група составена од три, а синоќа настапија двете вокалистки, Ружица Кочовска и Инес Стаменковска Ристеска.

Ние како и поголемиот дел од членовите на нашиот ансамбл сме аматери вљубеници во музиката освен еден член а кој е академски музичар и нашето музицирање е од љубов кон изворната народна музика. Целта ни е преку нашите настапи и концерти да ја негуваме автентичната македонска традиционална музика, изјави Инес Стаменковска Ристеска.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати