Контејнер заврши на гевгелиска пруга, сметот по околината

Петар Печков

Пред некој ден, контејнерот кој е на  паркинг просторот пред  Салата Бели Мугри, заврши на пругата. Засега непознат (и) сторител(и) го фрлиле на железничката пруга Велес - Гевгелија.  Среќна околност е што не завшрил на шините, на некој  од бројните возови кои тогаш  сообраќаа, не удрил.

Така можело да дојде и до несреќа, објаснуваат упатените.  Но освен што е загрозена базбедност нажелезничкиот  сообраќај, целиот смет е расфлан во околината на контејнерот.  

Апелираме до граѓаните за поголема совесност. Деструктивното однесување може да предизвика последици по живот и по околината. За здрава животна средина, еколошки чиста со помалку отпад, потребно е заеднички да придонесеме сите. Така ќе го направиме Велес поубаво место за живеење - велат од Општина  Велес и најавуваат дека ќе сторат се да го откријат сторителот(те). 

ТрМр потсетува дека случен случај имаше   на 30 мај пред две години.  Тогаш новиот  кинески  патнички дизел воз удри во контејнер фрлен на  битолска  пруга во Велес. Инцидентот се случи  во 2,30 часот по полноќ, на делицата од пругата Велес - Битола и тоа во новиот дел на градот, близу    надвозникот.  Патничкиот воз кој сообраќал на линијата Скопје - Битола, удрил во метален контејнер кој бил на пругата. Немаше повредени патници и возен персонал, но беше   причинета материјална штета.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати