Комарците се појавија, прскање против нив се уште нема

Петар Печков

Средината на месец мај, комарците ги има, но нема најави дека ќе се случи авио прскање против нив.  Ако изминатите години се случуваше да има прскање и во април, или средината на мај, годинава нема најави дека тоа наскоро ќе се случи. Затоа ТрМр ја  праша локалана власт, зошто се чека и кога може да се очекува првото авио -запрашување против овие инсекти.  

Авионско прскање против комарци Општина Велес ќе спроведе и оваа година. Сите процедури за извршување на оваа обврска се завршени. Распишан е јавен повик и избрана е фирма која даде најповолна понуда да ја изврши работата. Првото прскање беше предвидено да се одржи овој викенд, но од фирмата која беше избрана да го изврши прскањето, добивме барање тоа да биде одложено поради неповолните временски услови. Затоа прскањето беше одложено и очекуваме да се реализира до крајот на овој месец – стои во писмената информација од Општина Велес.  

Поради наездата на комарци се случуваше да има и по три прскање против   нив, во текот на годината. Стручњаците пак посочуваа дека е најважно да  се промени средството со кое се прска, оти тоа било исто со години, па комарците стекнале имунитет од него, па затоа се случува да не бидат уништени. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати