Колку е полн велешкиот општински Буџет

Петар Печков

Колку е полн Општинскиот  Буџет е темата   која се актуелизираше по 52-та Седница на Советот, на чиј дневен ред се најде  кварталниот извештај за работењето на  Општина Велес во првите три месеци од годинава.  Опозицијата  во него препозна лошо финансиско работење,   доспеани а ненамирени обврски  кои достигнале највисоко ниво од 62 милиони денари. Градоначалникот на Општината Славчо Чадиев тврди, за неговите  38 месеци владеење нема ниту еден ден во минус, негативно салдо.   

Вкупните приходи пак, се реализирани со мал процент, односно, околу 12% на реализација. Капиталните приходи се на рекордно најниско ниво од само 6%.  Нема инвестиции во многу активности  кои значат развој на општината, како што се капиталните трошоци на општината со само 2% реализација, урбанистичкото планирање со само 6% реализација, уредувањето на градежното земјиште – капитални трошоци со само 4% реализација, изградба на комерцијални објекти со само 3% реализација, проекти за енергетска ефикасност, изградба на сообраќајна сигнализација, изградба на системи за водоснабдување, спорт и рекреација – капитални трошоци, заштита на животната средина и природата – капитални расходи, социјална заштита и заштита на деца – капитални расходи, противпожарна заштита – капитални расходи, образование – капитални трошоци, сите тие се  со 0% реализација - рече Панче Иванов советник и  претседател на ОО на СДСМ  Велес. 

Критиките и обвинувањата Чадиев ги  отфрли, во нив препозна лична  дискредитација кон  одредени личности, недостиг на аргументи и ефтин популизам.

И покрај обвинувањата дека во Велес, не се гради,  не се  работи, праксата и сликата е  поинаква.  Граѓаните знаат каде  се работи, што се  изведува, се  што е предвидено со Програмата.  Реализацијата може да  биде поголема. За споредба ќе ги  упатам да ја погледнат  реализцијата во првиот квартал   на Општина Струмица и направете   паралела  со Општина Велес.  Ако  не чини кај  нас, не чини и таму.  За граѓаните да  кажам дека  имаме  иста  реализација двете општини Велес и Струмица. Најлесно е да се критикува, тешко е  да се работи. Реализацијата не е како изминатите години, поради однесувањето на СДСМ во Советот. Општина Велес не е тужена за неплаќање, ниту сметката ни била блокирана било кога. Секогаш првиот квартал е послаб од останатите. Требаше да има избори, поради што  имавме мораториум за одредни ставки   - рече Чадиев. 

Тој  на јавноста и  ги понуди  дневните извештаи од неговото 38  месечно работење, за финансиската  состојба на Општина Велес.    И  констатира дека нема ниту еден ден негатовно салдо   на  сметката. Таа се движела од  најмалку 5 милиони до 19 милиони денари. Заклучно со вечрашниот ден 30  мај 2016-та таа  изнесува 7,8 милиони денари. 

 Од СДСМ на ова реплицираа: Ви порачуваме одговорноста за буџетот да си ја понесете и наместо кај сите други, вината за слабата реализација да ја побарате во себе и вашите политики. Секогаш некој друг ви е виновен за нешто, само Вие сте секогаш исправни. Тоа не е одговорност, тоа е бегање од одговорноста за лошите остварувања.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати