Кого од велешани на раководни функции разреши Владата

Петар Печков

На денешната  145 седница а по барање на  премиерот Зоран Заев, Владата донела одлука за разрешување на директори и членови на УО на јавни претпријатија и државни АД. 

На листата се и тројца  велешани. Од позицијата в.д. директор на   Државен инспекторат за земјоделство разрешен е  Благој Индов. Од   место раководител на Управа за имотно правни односи во Велес Пандорка Настова и од местото раководител на Агенцијата за вработување во Велес Трајче Бабунски. 

Поради судир на интереси  Владата побарала меѓу другите да бидат разрешени од членови на УО,  Филип Зафиров кој е член на УО на ЈЗУ Општа Болница Велес а  е директор на ЈП за јавни паркиралишта Велес- Паркинг  и Јане Стојанов од член на УО на ЈП Службен весник на РСМ а е раководител на подрачната  канцеларија на Централен Регистар Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати