Канализационен систем за населба Отовица, за чисто езеро Младост

Петар Печков

Населбата Отовица ќе добие канализационен систем, со кој ќе се заштити водата од езерото Младост.  Проектот е „Заштита на водите на Езеро Младост преку регулирање на отпадните води во населба Отовица,,. Неговата вредноста е  8.2 милиони  денари. 

Тоа е проект на  Министерството за локална самоуправа, за поттикнување на рамномерниот регионален развој, кој е аплициран  од  „Вардарскиот плански регион“. Така ќе се решат отпадните води  од околу 300 куќи во населбата а  еколошки ќе се заштити и езерото Младост.

Близината до езерото Младост, можностите за развој на туризмот и добрата комуникација со градската средина ја прави оваа локација многу атрактивна. Отовица е едно од ретките населени места кои во изминатиот период растеше како со бројот на ново изградени објекти за живеење и  викенд куќи, така и според бројот на население. Реализацијата на проектот ќе влијае за забрзување на  развојот во оваа рурална средина – изјави Марко Колев директор на Вардарски Плански регион.

Договорот за реализација е потпишан со Бирото за регионален развој. Треба да се изгради канализациона мрежа во должина од околу 2,5 км. која преку препупмната станица ќе завршив во колекторскиот систем на езерото  Младост. изведбата да започне  средината на  мај, деновиве да се распише повикот за изведувач а да заврши до крајот  на  месец  септември.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати