Камион удри во камион, еден повреден

Петар Печков

Претпладнево на автопатот Велес  -  Скопја, се случила сообраќајна незгода, во која учестувале два камиони. При сударот едниот од возачите е повреден. СВР Велес информираше за настанот.

На ден 09.03.2018 год. околу 11.00 часот на автопатот Велес – Скопје случена е сообраќајна незгода помеѓу камион марка „Ивеко“ со кумановски регистарски броеви, управувано од Б.Т.(37) од Куманово и камион  марка „Сканиа“ со скопски регистарски броеви, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје. Во незгодата повреден е возачот на ТМВ „Ивеко“ - стои во писмената информација на СВР Велс.

На повредениот возач му била дадена прва здравственапомош од екипа  на Итната помош и бил префрлен  во ЈЗУ Општа Болница Велес.  Од велешката Болница, портпаролот Марина Андова информираше дека кај нив на хирушкото   одделение  е  примено  повредено лице, и по извршените снимања и  претраги е пуштен  дома  за Куманово. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати