Камион се преврте на автопат кај Стоби

Петар Печков

Во неделата напладне, камион се преврте на автопатот Скопје -Гевгелија кај Стоби, при што зафатил по две ленти во двата правца.

На ден 11.03.2018 год во 13 часот на автопатот „Неготино-Градско“ кај м.в. Кукуричани случена е сообраќајна незгода во која дошло до слетување и превртување на страна на ТМВ марка „МАН“ со скопски регистарски броеви, управувано од С.С.(57) од Скопја, надвор од коловозот на лева страна во правец на движење и удар во метална еластична ограда во зелениот појас и дрворед помеѓу двете коловозни ленти, и запира на коловозните ленти за движење и престигнување на автопатот во двата правци. Во незгодата  е повреден сопатникот Е.С.(57) од Скопје - изјавија од СВР Велес.  

Од МВР информираат дека камионот се превртел оти му пукнала гума, а возачот бил со лесни повреди.

Завчера кај Кула камион налета во друг камион. Вчера камион удри велосипедист  кај Градски базен. 

фото: МИА

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати