Камилица против сите воспаленија

Петар Печков

Камилицата (matricaria chamomilla) била ценета лековита билка уште во стариот век. Хипократ, Диоскорид, Гален и други лекари од тоа време ја употребувале камилицата во терапија на болни. Нејзината популарност се задржала и до денес.

Се бере белиот цвет, кој во овој период го има и во околината на Велес, и во самиот град. Но барајте чист незагаден простор. Се суши на сонце, се чува во тегла.  

Современите испитувања на делотворноста на активните материи од камилицата особено го истакнуваат значењето на етерското масло од камилица. Камилицата е една од најчесто употребуваните билки против воспаление на слузницата на устата и грлото. Чај од билката се дава при гингивит (воспаление на непцата), апсцес на заби, воспаление на крајници и на грло. При овие состојби може или да се прави гаргара или да се инхалира пареата од концентриран чај.

Уште една причина повеќе за користење на камилицата при грип и настинка е и тоа што чајот од камилица предизвикува засилено потење. Потењето е природен механизам на организмот за намалување на телесната температура и за исфрлање на токсините.  Многу често камилицата се комбинира со други билки за да се добијат ефикасни билни препарати за искашлување.Покрај камилица, комбинирајте со бозел, ленено семе, ѓумбир, сладок корен и босилек. 

Гинамалуваболките игрчевитевостомакот Поради спазмолитичното дејство, камилицата помага за ублажување на менструалните и другите стомачни болки. Се употребува при гастрит, го смирува воспалението, чир на желудникот, дванаесетпрсно црево, воспаление на дебело црево, гасови во цревата и воспаление на жолчката.  Кај новороденчињата камилицата се користи против грчеви во стомак. Надворешно, компреси од концентриран чај (2 големи лажици во 200 мл вода) од камилица лекуваат воспаленија на кожата, чиреви, апсцеси (насобран гној во ткиво), фистули во пределот на анусот, хемороиди и слично. 

Покрај антисептичното и антивоспалителното дејство, за надворешната употреба е значајно и епителизантното својство (го обновува епителот). При изгореници и егземи најдобро е да се употребуваат компреси од ладна камилица. Камилицата може да се употребува и во купки за релаксирање на болните и заморени мускули.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати