Како Рибља Чорба му беше предгрупа на Драган Мијалковски на концерт во Велес

Петар Печков

Можеби звучи неверојатно, но тоа е факт. Рибља чорба, му беше пред група на концерт на Драган Мијалковски, одржан во Велес февруари зимата 1979 година.

Тогаш белграѓаните, како група која штотуку  ја започна кариерата, ја промовираа нивната синглка ,,Лутка са  насловне стране,,. Тоа беше нивен прв сингл, а на ова турнеја, со нив настапи и Бајага, кој избегал од училиште и се одлучил да биде музичар.

 Драган со задоволство се присети  на овој концерт, во полната сала на киното и чудната комбинација на шлагер и рок. 

Со Вашето прашање, ме потсетивте и вративте три и пол децении наназад. Групата која од тогаш беа во почеток за подоцна да заземат значајно место во ЈУ рок историјата. Како се случи оваа невообичаена фузија на шлагер и рок.  Белграѓаните сакајќи што побргу да се популаризираат, да ја промовираат нивната прва сингл плоча, со помош на македонски менаџери, решиле да одат на турнеја. Направиле една ваква сега популарна турбо комбинација. Типични рокери, придружуваат типичен шлагер пејач.   Тогаш како професионалец, многу не сум размислувал. Од оваа гледна точка, тогаш Рибља чорба немаше толку хитови за да има самостоен концерт, па комбинира со мене. Ги  научија моите песни, на првите концерти не им беа легнати моите песни, во Велес веќе беа увежбани. И беше интересно, минало, убав спомен. Имавме проблем во Прилеп, таму во салата со  100 ватно озвучување, немаше шанси да озвучи па имаше незадоволство  кај публиката. Јас со Бора Чорба се знаев и претходно, оти тој беше близок со Маја Оџакливеска, така што  имавме и  претходно контакти.  И по толку години се знаеме, кога ќе се видиме муабетиме. На оваа турнеја, меѓу кој и концертот во Велес,  Бајага му беше тапанџија, тоа му беа неговите први музички настапи.    Ете тоа беше моето искуство со неверојатна комбинација на концерт.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати