Казиното Адмирал утрово ограбено по трет пат за половина година

Петар Печков

Утрово во 3,30 часот ограбено е казиното Адмирал, лоцирано во центарот на градот во стоковната куќа НА-МА. Двајца маскирани разбојници со закана од пиштол од двете вработени лица во казиното  украле 83.120 денари.

Во моментните кога разбојниците влегле немало гости, само вработениот и обезбедувањето а по закана по живот ги принудиле да и дадат парите.Потоа избегале во непознат правец. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Казиното Адмирал беше ограбено минатата година  со 284 илјади денари и во февруари годинава за 112 илјади денари. Во сите три случаи сценариото на вооружениот грабеж е ист, две маскирани лица со закана од пиштол ги  крадат парите од двете вработени лица и бегаат.

Досега не се пронајдени сторителите до претходните два грабежи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати