КК „Бабуна“ иако најдобар во државата, со најмалку добиени средства од ваучерите

Петар Печков

Кајак клубот „Бабуна“ од Велес реагира за распределбата на средства преку ваучери. Клубто кој минатата година беше најуспешен во државата, со најдобар поединец, на листата на Агенцијата за млади и спорт се наоѓа на дното.  

„Кајакарската федерација на Македонија односно комисијата за ваучери, свесно и намерно ја омаловажува и деградира најтрофејната дисциплина во државата кајак слалом а посебно Кајак Клуб Бабуна Велес со тоа што по завршување на сезоната 2020 го прогласува Државното сениорско првенство за неважечко иако нема ингеренции за ова а со цел подоцна при бодувањето за ваучерете за 2021 година намерно Кајак Клубот Бабуна кој е Државен првак за 2020 година да го смести на претпоследно место и добие низок ваучер а одредени клубови ги фаворизира за да добијат што поголем ваучер иако немаат резултати за истото - вели Роберт Папазов претседател на Кајак Клуб Бабуна Велес .

Иако Кајак Клуб Бабуна Велес навремено реагирал до КФМ и до центалната комисија за евалуација на ваучери формирана од АМС  дека ранг листата на клубови е далеку од реална и добил ветување дека истата ке биде корегирана и реално изготвена, сепак по објавувањето на ваучерите за 2021 најуспешниот клуб во државата е претпоследен и зема најнизок ваучер а најслабите клубови земаат високи ваучери.

„Кајакарот со најдобар резултат во 2020 година односно полуфинале и 23 место на Европско првенство за сениори до 23 години а член на Кајак Клуб Бабуна Велес не добие ваучер а пензиониран кајакар кој нема ниту еден настап во 2020 година добие ваучер“ - додава Папазов.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати