И свештеник во борба за здрава животна околина

Петар Печков

Битолчанецот Душко Георгиевски, како свештеник на МПЦ –ОА активно се вклучи во  невалидниот граѓански сектор, во борбата за здрава животна средина на  неговата Битола.

Првен  сите сме  луѓе, потоа се друго. Проблемот со екологијата е од поново време но тој е  основен суштински. Ако е заштитата на животна средина,  заштита на  мајката  природа, јас како човек, татко на три деца, сопруг, прво сум Душко, прво ќе се борам за семејството. Јас сум пред се човек. Мораме преку институциите на системот да се избориме Битола да го добие воздухот каков заслужува и кој се дише. Законите се на наша страна. Битола не сака чист воздух,  туку бара било каков  оти во Битола нема никаков воздух – вели   Душко Груевски  од Битола од здружението ,,За нас се работи ,,.

Груевски беше присутен на првата конференција  на коалицијата Зелена Македонија, во која учествуваат 25 граѓански здруженија од повеќе градови во земјава.  ,,За денешните и идни генерации,, беше  мотото на  конференцијата одржана во Велес, од местото каде пред шест месеци ја започнаа нивната активност.

Овој пат реагираат и бараат решение за болните еколошки проблеми во земјава.  Како приоритетни се загадениот воздух на Скопје, Тетово, Кавадарци и Битола, за заштита на националниот парк  Маврово и реката Радика, и проблемот со депонијата од згура  во Велес.

Нивните  барања ги адресираа до надлежните државни институции за заштита на животната средина, за здравјето на луѓето, но и до загадувачите, бидејќи  тие ги  продуцираат штетните материи, Иако поканет  од  организаторот пред бројните присутни не се појави министерот за екологија Нурхан Изеири.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати