И натаму бреговите и реката Вардар, служат за фрлање на смет

Петар Печков

За два месеци велешани фрлија повеќе смет, на бреговите и кејот  од реката Вардар, отколку што претходно имаше на истиот простор. Во  четиричасовната акција , која во  неделата ја изведоа волонтерите од ,,Македонски спасител,, здружение за безбедност на вода и планина од Велес, собраа повеќе смет отколку во средината на јули. Тие го чистеа просторот, на кој минувачите  фрлаат смет во централното градско подрачје, помеѓу мостот Гемиџии и Мало мовче. 

Отстранивме огромно дрво, нанос од реката Вардар  и го чистевме кејот и брегот на реката. Состојбата беше полоша отколку што ја имавме пред два месеци. Многу повеќе ѓубре, отпад најдовме на овој простор.  Собравме 1,2 илјади литри отпад, најмногу пет амбалажа - изјави Ангел Пановски претседател на здружението ,,Македонски спасител,,. 

Ова е втор дел на проектот ,,Чувари на вардарското крајбрежје,, помогнат од Министерството за животна околина и Општина Велес.  Првиот дел се спроведе на средината од месец јули.  Членовите на здружението апелираат до велешани да ги почитуваат законите и да не  фрлаат отпад во водите на Вардар.

За жал свеста е многу ниска, додека ние честевме еден минувач од мост фрли отпад во реката Вардар, пред нас и пред многумина минувачи. Испраќаме силна порака реката Вардар и крајбрежјето не се корпи за отпад - додаде Пановски. 

Во средината на август вработените од ЈКП Дервен спроведоа вонредна, трета акција годинава  на чистење на бреговите на реката Вардар, околу Стар мост и тогаш беа собрани пет трактора смет и два трактори градежен шут. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати