Исчистени дивите депонии од влезовите во градот и дел од Потокот кај Градски пазар

Петар Печков

Десетина дена траеше  вонредната акција на локалната власт, за чистење на градежен шут кој се наоѓаше на приодите од  Велес. Се работело на  неколку локации во околина на градот  каде се  изведе акцијата за чистење  на дивите депонии. За овој период е собран 1.250 м3 градежен шут.  Се изврши чистење на пристапниот  пат кон населба Дурутовец, излезот од Велес кон Скопје и влезот во Велес од Штип.

Општина Велес има определена локација за депонирање на земја, шут и друг отпаден градежен материјал. Поради несовесното однесување на дел од жителите, кои го депонираат шутот и останатиот градежен материјал од сопствени градежни активности на несоодветни локации,  ја загрозуваат животната средина и го нарушуваат визуелниот изглед на просторот, посебно на локациите кои оставаат прв впечаток за градот - велат од локалната власт. 

Чистењето го извршија вработени од ЈКП Дервен по налог на Општина Велес а во согласност со Програмата за управување со отпад за 2020 година, донесена од Советот на  Општина Велес.

Продолжуваат да се  расчистуваат локациите со отпад на територијата на општината, заради превенција од заразни заболувања, но и за поубав изглед на урбаниот дел од градот. Активностите не прекинаа ниту за време на првомајските празници кога се чистеа дивите депонии со комунален отпад во близина на Градскиот пазар и дивата депонија во напуштен приватен имот на улица „Вера Циривири” - додаваат од Општина Велес.  При оваа активност  бил собран 40 м3 комунален отпад.  

Во тек е  генерално чистење и дезинфекција на рекреативниот центар езеро „Младост” кое треба да  заврши до крајот на неделава.

Општина Велес апелира до граѓаните да водат грижа за животната средина и јавната чистота. Изгледот и хигиената на улиците е лицето на секој граѓанин на Велес. Секој од нас значително може да придонесе за поубав и почист град за сите генерации - апелираат од локалната власт. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати