Институциите од културата во Велес со недостаток на кадар

Петар Печков

Двете локални  институции од областа на културата, кои работат во Велес имаа проблем со бројот на вработени, премал е.   Во Народниот музеј  во четирите одделенија има девет вработени а во градската библиотека еден повеќе, девет. Тоа е премалку за двете институции да ја вршат основната дејност. 

Во годишниот извештај за работа на Народниот музеј Велес директорката Анита Василковска Мидова констатира ,,кадровски дефицит,, и само тројца од вкупно деветте вработени кои работат на истражувачка работа се со високо образование, останатото било администрација.

Посебно сериозен е проблемот со недостиг на етнолог, кој го немаат три години а предметите од ова одделение толку време  немаат соодветна заштита и конзервација.   

Во  Локалната библиотека  ,,Гоце Делчев,, вработени се осум  лица што е премалку според бројот на читатели и бројот на книги со кои располагаат.  Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски вели дека ваквата состојба е резултат на подолгорочно отсуство на инвестирање во културните институции  во градот.  

Состојбата е алармантна, слично е и во другите општини. Во името на ЗЕЛС  напишав  реакција до Централната власт која некорекно се однесува кон општините  и градот Скопје.  Доколку некој замине во пензија, почине прерано или замине од работа, веднаш по автоматизам   централната власт ги укинува трансферите за плати за тие работни места. Јас не би сакал за плати на вработените од музејот и библиотеката да им исплаќам од  основниот Буџет, бидејќи тоа е обврска со децентрализацијата е на централната власт, која ги сервисира платите на вработените - изјави Коцевски. 

Советот на Општина Велес има донесено план за вработување  годинава и во двете институции, но немаат одобрување од надлежните Министерства, така што е отворено кога во Народниот Музеј и Градската Библиотека ќе бидат ангажирани нови лица. Идентична е состојбата и со средношколскиот интернат, каде има  малку  воспитувачи кои се грижат за 220 ученици.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати