Илјада стечајни работници пријавени во Велес за добивање на надоместок

Петар Печков

Околу илјада велешани поднеле документација  со која очекуваат да добијат месечен надоместок  по основ на стечајни работници.  

Според  податоците од Подрачната единица на агенцијата за вработување од Велес досега се пријавиле илјада поранешни работници а по нивната документација ќе се води постапка дали ги исполнуваат условите за материјално обезбедување. Пријавувањето е до крајот на годинава.  

Според оваа бројка Велес е во врвот во земјава,  на пријавени кои чекаат материјално да бидат обезбедени. Меѓу пријавените има поранешни вработени од  Порцеланка, Лозар, Топилница, Нокатес, Киро Ќучук,  Велеспром, Интернационал, Пелагонија, Младост....  

Со овој Закон  овозможува на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна државна сопственост да добиваат месечен надомест од 8.356 денари, се до пензионирањето.  Законот опфаќа лица кои имале најмалку 15 години стаж во вакви претпријатија, а работниот однос им завршил по основ стечај, ликвидација или технолошки вишок заклучно со 30 јуни годинава.

На денот на стапување во сила на овој Закон важи возрасна граница од минимум 52 години за жени, односно 55 за мажи. Лицата треба да имаат остварено право на паричен надомест по 1 јануари 1995 година, а по остварувањето на правото на паричен надомест да не биле вработени на неопределено време, односно работниот однос да не им престанал по нивна волја и вина. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати