Изложбата ,,Нови портрети,, на Дејан Божиновски пред велешани (фото)

Петар Печков

Во Ликовниот салон, вчеравечер беше отворена изложба ,,Нови портрети,, на кумановецот  Дејан Божиновски. Тој пред велешката јавност, се претставува за прв пат а на изложбата има 25 дела, изработени во техника масло на платно  и акрил на платно.    Ова е петта самостојна изложба на авторот. 

Инспирација ми е  женскиот портрет, претставен на нов посовремен ликовен  јазик, кој со години го негувам.  Го задржав тој концепт на работа, тоа е фигуративно сликарство.  Ова е некоја моја експресивност што ја имам. Не сакам ликот да биде фотографски претставен, да биде поапстрактен во мој стил - кажа авторот Божиновски.  Тој дипломирал 2009 на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во класата на Јован Шумковски. Изложбата ја отвори Елица Николова, историчар на уметноста при Народен музеј Велес. Ова  е негов последен циклус, насловен портрети, претходно ги работел на тема филателија 7, скриншот, интерфејс. 

Центарот на интересот на авторот се женски портрети, на начин  на кој тој го чувствува и гледа, чиј фокус е идентитетот на жената.  Портретот плени со убавината и погледот а нејзините очи некогаш ширум отворени или цврсто затворени , се асоцијативно доловени.  Авторот остава ликовите смаи да  ни зборуваат , за внатрешноста на нивната душа , преку сложениот систем на говор  на нивните лица а пред се на нивните очи - кажа Николова.  

Изложбата во Ликовниот салон ќе биде поставена следните две седмици. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати