Избрано идејното решение за новата библиотека- медиотека

Петар Печков

На местото од постоечката барака во Младински парк, ќе се гради нов објект, од тврда градба - нова библиотека со повеќе намени. Веќе е избран идејниот проект, по распишаниот конкурс за новата зграда.  Надлежната комисијата едногласно го избрала првонаградениот труд. Автори се инженерите –архитекти проф др. Минас Бакалчев, професор на архитектонскиот факултет во Скопје, Саша Тасиќ, Гордан Петров и Александар Петановски. Соработник на проектот е Марија Петрова.

Ни претстои, на почетокот од следната година,  распишувањето на оглас  за изработка на основен проект. Со овој значаен проект Велес ќе добие современ, репрезентативен објект кој истовремено ќе функционира како библиотека и медиотека со можност за организација на различни едукативни и културни содржини - кажа Коцевски. 

Постоечката барака  ја користат фолклорните друштва,Распеани Велешани. Таа ќе биде на два ката и подземни гаражи, во кои ќе се влегува од улица Алексо Демниевски Бауман.  Градбата би требало да заврши до крајот на 2020-та година а за изградба ќе се конкурира до средства од фондовите на ЕУ.  Постојната библиотека треба да се трансформира во Младински Културен центар, каде ќе работата повеќе  музички друштва од градот, рок групи, хорови. Коцевски најави дека работат да се набави соодведтна опрема за прикажување филмови,л по што тука би ималко филмски проекции.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати